Вести Свет

Илјадници климатски активисти на улица – бараат крај на користењето фосилни горива

Климатски активисти ширум светот во текот на викендот организираа серија протести за ставање крај на користењето на фосилните гоира, а најголемиот од нив се одржа во Њујорк. Таму протестираа 75.000 демонстранти, означувајќи го почетокот на т.н климатска недела во Њујорк пред почетокот на климатскиот самит на ООН.

„Не можеме да јадеме јаглен. Не можеме да пиеме нафта. И не смее да има инвестиции во фосилни горива. А тоа се јаглен, нафта и гас.“, вели Ванеса Накате – Активиска од Уганда

На протестите во Њујорк учествувале членови на 700 организации, од сите сфери и од целиот свет, и тие се гневни што интересот на политичарите за справување со климатските промени опаѓа. Лидерите на земјите кои се најголеми згадувачи нема да присуствуваат на специјалниот самит организиран од Генералнито секретар на ООН, Антонио Гутереш. Демонстрантите во Њујорк својот гнев го насочија кон американскиот претседател Бајден, кој откако ја презеде функцијата пренасочи милијарди долари за зелено производство и зелена енергија, но критичарите сметаат дека не направил доволно за да ја намали американската зависност од фосилните горива.

„Бајден ни е на мета затоа што треба целосно да го промени курсот. Тој нема ниту да се појави на Самитот за климатските амбиции, што е сосема неприфатливо. Тоа што мора да го направи за да ги придобие гласовите на младите и да победи на изборите во 2023 е да ги запре фсилните горива.“, вели Ема Бурета – Активист на организацијата „Петоци за иднината“

Намалувањето на емисиите на стакленичните гасови е клучно за справувањето со климатските промени, сметаат научниците. Тие предупредуваат дека во наредните 5 години светот го очекуваат екстремно високи температури, а од потпишувањето на парискито договор во 2015 година светот веќе се затоплил за 1,1 степен. Изминативе месеци неколку пати беше поставен нов рекорд на измерена темепратура, јули беше најтоплиот месец откако се води статистика, а престојното лето на северната хемисфера беше најтоплото до сега.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе