Вести Македонија Топ вести

Пејовска Дојчиновска од ДКСК: Измените на Кривичниот законик нè оставија без зборови, направени се буквално преку ноќ

Измените на Кривичниот законик нè остави без зборови, а еден од ризичните моменти во политичкиот систем е носењето на закони по скратена постапка, изјави Софка Пејовска Дојчиновска, заменик претседателка на Државнатѕа комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. Во контекст на тоа, таа ја спомена последната Стратегија во која скратената постапка е нагласена како исклучителен ризик за корупција.

„Тоа значи ова што го видовме, дека за 24 часа може да се донесе толку значајна измена на Кривичниот законик, еден од столбовите на системот. Ако немате Кривичен законик кој што ќе влева доверба кај граѓаните за правна сигурност и дека сите кои ќе сторат дело ќе бидат казнети, за што да говориме. Скратената постапка во Деловникот е опишана дека се поведува кога не е во прашање сложен и обемен закон. Зарем ова во личи на прост, едноставен и необемен? – Сериозна е работата кога станува збор за процедурата, за постапката која е направена буквално преку ноќ“, истакна Пејовска Дојчиновска.

Таа откри три дена пред изгласување на измените, во ДКСК пристигнало барање од министерството за правда за мислење за предлог на закон, со рок до 20 септември, во кој беа содржани сите одредби од законот кој што се однесуваа на усогласување со европската регулатива. Во јавноста, вели Пејовска Дојчиновска, веќе излезе дека сржта е во измената на три одредби, го отвориле примерокот и заклучиле дека таму воопшто не биле содржани оние кои се однесуваат на злоупотреба што, според Комисијата, измените се протнале преку ноќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за претседателски избори

Дејан Дејан

Вучиќ: Суштинско и длабоко продлабочување на односите со Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе