Вести Македонија

Ова се правила за квизот ,,Заврти на Телма“ – новата сезона почнува на 11 септември со уште повеќе награди и изненадувања

Квизот ќе се емитува секој работен, со почеток од 11.09.2023 година, во 17:10 часот и ќе трае околу 40-тина минути. Квизот е во живо, со вклучување на играчи преку обичен телефон.

Во „3аврти на Телма“ има тркало на кое има место за 16 полиња, од кои едно поле е на генералниот спонзор, едно поле е на спонзор на денот и останатите полиња се со спонзори на поле и одредени полиња со порака како: повеќе среќа следниот пат, повтори вртење, одбери спонзор, награда изненадување, гостин во студио.

Откако гледачот ќе се јави, водителот ќе го заврти тркалото во негово име. Кога тркалото ќе застане на одредено поле на кое има спонзор, водителот му поставува три прашања.

Ако тркалото застане на:

Спонзор на поле – еден точен одговор и добива награда од спонзорот на полето;

Спонзор на денот има две награди: мала награда и голема награда.

За еден точен одговор од три прашања следува мала, за два точни одговора од три следува поголема награда.

Генерален спонзор има три награди: мала, средна и голема награда.

За еден точен одговор од три прашања следува мала, за два точни одговора од три следува средна награда, за три од три точни одговори следува голема награда.

Во првиот случај Спонзор на поле, наградата е од 300 до 1.000 денари.

Во вториот случај Спонзор на денот, малата награда е до 1.000 денари, а поголемата над 2.000 денари, и

Во третиот случај Генерален спонзор, малата награда е до 1.000 денари, средна награда од 1.500 денари до 3.000 и големата над 5.000 денари.

Ако тркалото застане на:

Повеќе среќа следниот пат – играчот нема среќа и не му се поставуваат прашања, се бара нов гледач.

Повтори вртење – играчот ќе треба да зварти уште еднаш или се додека не му се падне спонзорско поле или некое друго поле, освен повтроно заврти.

Одбери спонзор – играчот може да одбере кој сака спонзор од тие што не се веќе паднати на тркалото.

Награда изненадување – играчот ќе добие можност да одбере едно од три коверти во кои има разни награди и игра по правилото за спонзор на поле – еден одговор од три прашања ја добива наградата во ковертот.

ТЕЛМА Гостин – за да биде гостин во студио, треба да одговори на три прашања – СИТЕ ОД ПРОГРАМАТА НА ТЕЛМА. Ако ги одгoвори точно, играчот или повеќе играчи, во договор со продуцентот, ќе бид(ат)е гост(и)н во студио на крај на месец октомври, декември, февруари, април и јуни и ќе играат во живо, сами вртејќи го тркалото. Најмногу може да има тројца играчи во Телма гостин.

Водителот не смее да му помога на гледачот, а гледачот да одговори на сите три прашања има на располагање 30 секунди кои се намалуваат, откако ќе го прочита водителот првото прашање.

Гледачот смее, доколку не го знае одговорот (тајмерот му тече), да побара следно прашање.

Откако на тркалото наградата ќе се додели, тоа поле повеќе не е во игра до следниот ден. Со тоа еден спонзор не може да додели два награди во едно емитување.

Наградите по добивањето и по контактот од организаторот со добитникот, ако не се подигнат за 30 дена – застаруваат.

Во квизот може да учествува секој кој ќе се јави на телефонот објавен на екранот, а доколку се јави лице помладо од 18 години, треба да има родител или старател кој ќе дозволи да се натпреварува лицето помладо од 18 години.

За да се вклучат во квизот, гледачите се јавуваат на обичен број и се наплаќа разговор по минута како кон локална мрежа, а доколку јавувачот има бесплатно кон сите мрежи тогаш јавувањето е бесплатно.

Јавувачот, кој ќе биде преземен од операторот, треба да остави податоци, име и презиме и телефонски број за контакт доколку освои награда за да може да се исконтактира по завршување на квизот, ќе му биде објаснето: на ТВ применикот да го исклучи тонот и да зборува и ги слуша водителите во слушалката на телефонот.

Играчот, слушајќи во телефонска слушалка, ќе може да го следи тајмерот кој последните 10 секунди ќе испушта звуци, со тоа што од 10-та до 5-та секуна ќе биде тивко, а последните 5 секунди ќе бидат гласни.

Еден гледач може да се јави повеќе пати за време на квизот.

Заврти на Телма – со среќа и знаење!

Секој работен ден на Телма во 17:10 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе