Вести Македонија

Бендевска: Судот е оној кој дели правда, ајде да го тестираме

За првпат во историјата на независна Македонија една државна институција како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бара судска заштита против државна институција, во овој случај против МОН, како орган на Владата. Тужбата ќе биде во најскоро време доставена до судот, вели Бендевска.

„Нашиот закон е LEX GENERALIS кој вели заштита од дискриминација на највисоко ниво дава судот. Судот е оној кој дели правда и навистина ајде да го тестираме судот. Ние како експертско тело најдовме дека се работи за најтешка форма на дискриминација која опфаќа многу голем дел ученици од основно образование“, изјава Весна Бендевска, од Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе започне со стратешко застапување на интересите на основците против МОН, доколку имаме предвид дека веќе четврта учебна година одреден број на ученици се без основното средство за стекнување на знаење.

Во своето образложение, МОН потенцира дека процесот на изработка на учебници е комплексен проблем и зависи од многу фактори. Со овој став согласна е и претседателката на Националната комисија за учебници Лазаревска – Станчевска. Таа најви дека се очекува веќе следната недела да започне дистрибуција на учебниците за трето одделение.

„Со воведувањето на овој нов концепт во основното образование започнати се коренити реформи и за да се спроведе успешно и во целост потребно е време и ресурси, а впрочем за оние програми за кои сè уште не се изготвени учебниците постојат наставни материјали кои им се дадени на наставниците да работат“, изјава проф. д-р Јованка Лазаревска – Станчевска, претседателка на Национална комисија за учебници.

Што се однесува до официјалниот став на МОН дека процесот на изработка на учебници е комплексен проблем, Бендевска вели дека не е издржан аргумент затоа што нивна должност е да обезбедат услови за квалитетно образование и како сето тоа да го реализираат навремено.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе