Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Индија лансираше вселенско летало кое ќе го проучува сонцето

Индија денеска ја лансираше својата прва вселенска мисија која има за цел проучување на сонцето. Новиот потфат следува откако пред помалку од две недели успешно слета без екипаж во близина на јужниот поларен регион на Месечината.

Вселенското летало „Aditya-L1“ треба да стигне до точка на околу 1,5 милиони километри од земјата, позната како L1.

Леталото е опремено со инструменти за проучување на сончевата корона, хромосфера, фотосфера и сончевиот ветер, соопшти Индиската организација за вселенско истражување.

Пресметките се дека на сателитот ќе му бидат потребни 125 дена за да стигне до точката L1.

Индија е првата земја што успешно го слета своето вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината на 23 август – историско патување до непозната територија за која научниците веруваат дека може да има витални резерви на замрзната вода.

По неуспешниот обид да слета на Месечината во 2019 година, Индија им се придружи на Соединетите Држави, Советскиот Сојуз и Кина, со што стана четвртата земја што успешно го заврши овој предизвик.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе