Вести Македонија

Од Железници ги демантираат штрајкувачите – просечната плата на машиновозачите била 67 илјади, а не 40 како што тврди синдикатот

Просечните примања на машиновозачите во кои спаѓаат, плата, додатоци на плата и километар изнесуваат 67.640, 00 денари, а не 40 илјади како што тврди претседателот на синдикатот на машиновозачите, се вели во соопштението на железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија кое пристигна како демант на тврдењата на синдикатот на машиновозачите.

Според државните железници, првиот синдикалец Тони Димовски сака да создаде погрешна слика во јавноста.

Никаде во неговата изјава не е споменат т.н. километар што просечно изнесува нешто помалку од 20.000,00 денари месечно, велат од државни железници, од каде испратија табела со спецификација на просечна нето плата, бруто плата и просечен километар на машиновозачи за период од Месец 05-2023 до Месец 07.2023 година, на која се наведува дека просечната плата со додатоци изнесува 48.237,00 а  со надоместоците на плата, т.н. километар, износот достигнува до 67.640.00 денари.

Во меѓувреме трае бојкотот на работа на машииновозачите кој почна минатата недела. Од раководството Синдикатот бара да бидат вратени на работа дванаесеттемина машиновозачи  кои беа суспендирани и да престанат со притисоци и закани да им даваат работни задачи и бара да се сретне со раководството и Владата.

За состојбата во која се наоѓа државната компанија од Синдикатот на машиновозачите посочуваат дека доказ е бројот на расположливи локомотиви.

Според нивните информации во моментот се располага со само пет исправни локомитиви и тоа три за транспортниот и две за патничкиот сообраќај, а 14 се во дефект и не познато зошто не се однесени на поправка или репарација.

Машиновозачите се децидни дека со оваа бројка, без разлика колку и да вложат напор можат да задоволат само дваесетина отсто од транспортот на стока и патници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Дејан Дејан

Мицкоски за обвинението за спортските ваучери: Ова е само мал дел, по формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало изминатите 6 и половина години

Дејан Дејан

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе