Вести Македонија Топ вести

Борел: Процесот на проширување мора политички да се поттикне, но ЕУ да се подготви за прием на нови членки

Војната во Украина како колатерален ефект го има забрзувањето процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо.

– Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство, истакна Борел, најавувајќи дека на предлог на шпанското претседателство со ЕУ кон крајот на следниот месец ќе се одржи заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата со нивните колеги од земејите од Западниот Балкан.

Tој нагласи дека проширувањето е процес што се базира на исполнување на критериуми.

– Една земја ќе стане членка кога ќе ги исполни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот, истакна Борел, додавајќи дека и Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки.

Борел водено најави дека на 14 септември ќе се одржи нов дијалог на високо ниво меѓу Србија и Косово во обид за надминуавње на разликите меѓу двете страни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе