Вести Свет

Стано: ЕУ незадоволна од криминализацијата на клеветата во Република Српска

Европската унија изрази жалење поради стапувањето во сила на измените на Кривичниот законик на Република Српска, со кои се воведуваат кривични казни за клевета.

Портпаролот на ЕК, Петер Стано, преку соопштение порача дека овие законски измени наметнуваат непотребни и непропорционални ограничувања на независните медиуми и граѓанското општество.

Законот сериозно влијае на амбиентот на граѓанското општество и ја ограничува слободата на изразување и медиумите во Република Српска. Ова е за жалење и е непобитен чекор наназад во заштитата на основните права, се нагласува во соопштението.

За Европската Унија, овој закон е спротивен на очекувањата што го придружуваа доделувањето на кандидатски статус за членство во ЕУ и е против интересите на сите граѓани на Босна и Херцеговина, вклучително и на оние што живеат во Република Српска.

Во соопштението се нагласува дека ЕУ очекува сите нивоа на власта да работат конструктивно на решавање на клучните приоритети од „Мислењето на Европската комисија“, кои се неопходни за Комисијата да препорача отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина.

Според соопштението, тој очекува БиХ да ја гарантира слободата на изразување и медиумите и заштитата на новинарите.

ЕУ е посветена на поддршката на медиумите и граѓанското општество во Босна и Херцеговина, особено во ентитетот Република Српска, се заклучува во соопштението.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на 18 август го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој се криминализира клеветата во тој ентитет на Босна и Херцеговина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе