Вести Свет

Властите на Мауи ја тужат компанијата за електродистрибуција – тврдат дека е виновна за трагичните пожари со најмалку 100 загинати

Локалната власт на островот Мауи синоќа поднесе тужба против Електрична компанија Хаваи и нејзините подржужници обвинувајќи ги за небрежност што предизвикала катастрофални пожари по што изгореа стотици хектари земја во сојузната држава Хаваи и повеќе од 100 луѓе го загубија животот.

Во тужбата е наведено дека дистрибуцијата ХЕКО „неоправдано ги држела каблите за пренос на струја под напон“ на почетокот на август, иако Националната метереолошка служба објавила предупредувања за силни ветришта и за пожари. Во предупредувањата се алармирало дека силниот ветар може да ги урне столбовите за пренос на елетрична енергија и да поттикне пожар што би можел брзо да се прошири поради сувите состојби.

-Пожарот беше директна легална последица од небрежноста, невниманието и непромисленоста и/или од незаконитоста на ХЕКО, се наведува во тужбата.

Властите на Мауи може да побараат оштета од оваа компанија во висина од десетици или стотици милиони долари, според адвокатот претставник на округот во овој судски спор.

Пожарот го зафати островот на 8 август, изгореа стотици хектари земја и уништени се повеќе од 2.000 објекти, а речиси 400 лица се уште се водат за исчезнати. Засега како жртви се идентификуани 115 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе