Вести Свет

Намуртен со остар поглед и црвена вратоврска – фотографијата од апсењето на Трамп стана хит меѓу неговите поддржувачи

Слета на аеродромот во Атланта, до озлогласениот затвор „Фултон Каунти“ беше проследен со колона од десетици возила на полицијата и тајната служба. Таму се задржа 20-тина минути, додека траеше неговото процесуирање, плати кауција од 200.000 долари за да се брани од слобода, по што беше испратен до аеродромот од каде што полета назад кон Њу Џерси. Во последниот случај против него, Трамп е обвинет за обид за влијание врз резултатите од претседателските избори во 2020 година.

„Имаше многу луѓе кои цел ден чекаа пред затворот. Подржувачи на Трамп, опоненти на Трамп, како и цело племе медиуми. Речиси никој од тие луѓе не успеа да го види претседателот Трамп, бидејќи полицијата ја затвори улицата по која дојде речиси цел час пред да пристигне“, изјави Џеф Ејми, „Асошиејтед прес“.

Хајлајт од целата оваа процедура излезе неговата полициска фотографија, која американските медиуми веднаш ја брендираа како историска, затоа што е првиот поранешен претседател кој добил таква. Трамп на неа е со препознатливата црвена вратоврска, а лицето му е намуртено со остар поглед кон апаратот кој го фотографира. Таа веднаш стана хит меѓу меговите поддржувачи.

„Случајно бев овде. Не можев да си дозволам да не дојдам за да го поддржам мојот претседател Трамп. Тој човек ни ја крена економијата. Нѐ излече од војни. Ни даде независност“, вели Марси Мозес, жителка на Хјустон, Тексас.

За разлика од неговите подржувачи, опонентите имаат поинакво мислење.

„Ова е одлично. –Зошто? – Затоа што покажува дека колку и да сте богат, колку и да сте моќен, и да бидете најмоќниот човек во САД, не сте над законот и не сте над последиците. Одлично е“, изјави Дени, жител на Атланта.

Покрај кауцијата од 200.000 долари, судот на поранешниот претседател му издаде забрана да заплашува други обвинети, сведоци или жртви, вклучително и на социјалните мрежи. Забранета му е и комуникацијата со останатите обвинети во случајот.

Обраќајќи им се на новинарите по ослободувањето, пред да се врати во својот голф клуб во Њу Џерси, Трамп ги повтори тврдењата дека обвинувањата се политички мотивирани.

„Ова што се случи овде е изопачување на правдата. Не направив ништо погрешно и сите го знаат тоа. Никогаш не сум имал толкава поддршка“, смета Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.

На Трамп ова му е веќе четврто обвинение, а второ за мешање и влијание врз избори. Првото и најсериозно е дека го поттикнал упадот во Конгресот на 6 јануари 2021 година со ширење на дезинформации и лаги за кои знаел дека не се точни.

Дополнително е опфатен со предмет за изнесување на доверливи документи од Белата куќа, како и за исплата на пари од изборна кампања на ѕвезда од филмови за возрасни како надомест да не открива детали за нивната врска. Покрај тоа повеќе жени во изминатите години го обвинуваа и покренаа постапки за сексуално вознемирување.

Трамп сите обвиненија ги отфрла како политички мотивирани, а засега има највисока поддршка меѓу републиканците за повторно да ја освои партиската кандидатура.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе