Вести Свет

ФОТО: Трамп како намуртен затвореник, објавена полициската mugshot фотографија на поранешниот американски претседател

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби полициска фотографија или попупарно наречената mugshot односно фотографија која ја прави полицијата при секое апсење.

Трамп на неа е со препознатливата црвена кравата, а лицето му е намуртено со остар поглед кон апаратот кој го фотографира.

Заведен е како затвореник со број П01135809, а по 20 минути поминати во затвор во округот Фултонб (држава Џорџија, САД) е ослободен со кауција од 200 илјади долари.

На веб страницата на шерифот каде е објавена фотографијата стои и опис на Трамп „маж, белец, висок 190 сантиметри со руса коса и сини очи“.  Во дополнение стои и дека против него има обвинение за влијание врз изборните резултати од претседателските избори во 2020 година во државата Џорџија

Во текот на постапката тој влезе во историјата како прв поранешен американски претседател кој се појавил на полициска mugshot фотографија.

Покрај кауцијата од 200.000 долари, судот на поранешниот претседател му издаде забрана да заплашува други обвинети, сведоци или жртви, вклучително и на социјалните мрежи.

Обраќајќи им се на новинарите по ослободувањето, пред да се врати во својот голф клуб во Њу Џерси, Трамп ги повтори тврдењата дека обвинувањата се политички мотивирани.

„Ова што се случи овде е изопачување на правдата. Не направив ништо погрешно и сите го знаат тоа. Имаме право да ги оспориме изборите за кои мислиме дека се неправедни“, рече Трамп и возврати дека обвиненијата против него се мешање во изборите.

Десетици поддржувачи на Трамп се собраа пред окружниот затвор во Атланта, вклучувајќи ја и членката на Американскиот Конгрес, Марџори Тејлор Грин.

Фотографијата од полицијата стана хит меѓу обожавателите на Трамп, а една негова поддржувачка самоуверено тврдеше дека „намуртениот Трамп“ ќе биде позната фотографија како Мона Лиза на Да Винчи. Таа обожавателка најави и дека ќе направи маица со полициската фотографија.

На Трамп ова му е веќе 4-то обвинение, а второ за мешање и влијание врз избори. Првото и најсериозно е дека го поттикнал упадот во Конгресот на 6-ти јануари 2021-ва година со ширење на дезинформации и лаги за кои знаел дека не се точни.

Дополнително е опфатен со предмет за изнесување на доверливи документи од Белата куќа како и за исплата на пари од изборна кампања на порно-ѕвезда како надомест да не зборува за нивната врска. Покрај тоа повеќе жени во изминатите години го обвинуваа и покренаа постапки за сексуално вознемирување.

Трамп сите обвиненија ги отфрла како политички мотивирани, а засега е главен кандидат меѓу републиканците за повторно да биде кандидат за Претседател на САД во 2024-та. Рејтингот и покрај обвиненијата засега не се намалува и тој е на ниво на

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе