Вести Македонија

Ескобар: Нема да подложувам никого на тортура, природни партнери на САД се земјите посветени на ЕУ-интеграциите

Нема никого да подложам на тортура овде, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар како одговор на прашањето на Телма, како ќе ги коментира изјавите од претседателот на на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека светот и Европа подготуваат притисоци и тортура за да ги убедат да гласаат за уставните измени.

„Нема никого да го подложувам на тортура овде. САД не избира влади за земјите на НАТО. Но, поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која ја ширам во регионот, е дека САД ги гледа како природни партнери, оние коие се посветени на ЕУ интеграциите, на НАТО и на борбата против корупцијата. Сакам тоа јасно да го посочам. Но, исто така сакам да слушнам и да има отворена размена на гледишта. Се надевам дека ќе имаме повеќе по состанокот да и кажеме на јавноста“, изјави Ескобар, на заедничката пресконференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Ескобар пред средбата со Мицкоски: Сакам да имаме многу отворена размена на ставови

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе