Вести Свет Топ вести

(Видео) Нов украински дрон во зграда во Москва – руската ПВО собори други два, еден го блокира електронски

Украински дрон повторно заврши во меѓународниот деловен центар „Москва сити“ во Москва, овојпат во зграда во изградба. Во нападот се искршени прозорци на околните згради. Еден од дроновите во нападот бил електронски блокиран, а два биле соборени во областите Можајск и Химки.

Руската противвоздушна одбрана собори украински дронови во регионот на Москва, а во нападот нема регистрирани жртви, соопштија од Министерството за одрбана на Русија и од кабинетот на градоначалникот Сергеј Собјанин.

Аеродромите во Москва, „Внуково“ и „Шереметјево“, беа затворени за сообраќај на неколку часа по што продолжија со нормалното функционирање.

Украина од почетокот на годината се обидува да ја пренесе војната на руска територија. Сè почесто гаѓа руски воени објекти зад линијата на фронтот во источна и во јужна Украина, но и Москва е мета на напади со дронови. Нападот што се случи ноќеска е шести во низа врз руската престолнина.

Досега не е регистрирана ниту една жртва на нападите со дронови врз Москва за кои Украина не презеде одговорност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе