Вести Свет Топ вести

Јоханесбург под силни безбедносни мерки – почнува 15. Самит на БРИКС

Шефовите на држави или влади на земјите-членки на БРИКС се собраа на тридневен Самит во Јоханесбург, Ј. Африка, во обид да се наметнат како противтежа на западната доминација во глобалните работи.

Домаќин на самитот ќе биде јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. Во Јоханесбург пристигнаа кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, шефот на бразилската држава Луис Инасио Лула да Силва и околу 50 други лидери. Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на самитот преку видео врска, а земјата во Јоханесбург ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Полициски возила се стационирани околу хотелите во кои престојуваат странски делегации. Патиштата околу конгресниот центар „Сендтон“, местото на одржување на Самитот, ќе бидат затворени за нормален сообраќај.

БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, сочинуваат четвртина од светската економија, а во пресрет на нивниот тридневен самит во Јоханесбург, интересот за приклучување порасна меѓу други земји.

Министерот за меѓународни односи и соработка на ЈАР, Наледи Пандор најави дека една од главните теми на Самитот ќе биде проширувањето, а на средбата се поканети претставници од повеќе од 60 земји. Јужноафриканскиот дипломат Анил Суклала, според западни медиуми, изјави дека повеќе од 40 земји изразиле желба да се приклучат на економскиот блок БРИКС, од кои 22 формално, додека останатите покажале неформален интерес.

Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Алжир, Боливија, Индонезија, Египет, Етиопија и други земји сакаат да се приклучат на БРИКС.

Централно место во привлечноста на групацијата е нејзината растечка економска тежина. Петте земји на БРИКС сега имаат комбиниран бруто домашен производ (БДП) поголем од оној на Г7 во однос на паритетот на куповната моќ. Номинално, земјите од БРИКС се одговорни за 26 отсто од глобалниот БДП. И покрај тоа, тие добиваат само 15 отсто од гласачката моќ во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пишува „Ал Џазира“.

На 15-от Самит присуствува и генералниот секретар на Обединети нации (ОН) Антонио Гутереш.

Блокот формиран во 2009 година со Бразил, Русија, Индија и Кина, ја доби својата конечна форма во 2010 година со вклучувањето на ЈАР. Државите во блокот исто така контролираат 18 отсто од светската трговија и 22 отсто од глобалните странски инвестиции.

Сегашните земји-членки покриваат 26,7 отсто од светската површина, со 3,2 милијарди луѓе (41 процент од глобалното население).

Новата развојна банка (НДБ), претходно позната како Банка за развој на БРИКС, е основана во 2015 година како глобална алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Со седиште во Шангај, Кина, НДБ започна со капитал од 100 милијарди долари и оттогаш финансираше 98 проекти во вкупна вредност од 32,4 милијарди долари, со проценета корист од 280 милиони луѓе.

Со вклучувањето на Бангладеш, Египет, ОАЕ и Уругвај во 2021 година, членството на банката достигна девет земји. Во иднина се очекува да се приклучат нови членки, како Саудиска Арабија и Алжир, наведува Анадолија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе