Вести Свет Топ вести

(Видео) Работела ноќни смени да може да труе новороденчиња – медицинска сестра осудена за масовно убиство на бебиња во В. Британија

Медицинската сестра Луси Летби (33) е прогласена виновна за убиство на седум бебиња и неколку обиди за убиства додека работела на болничко одделение за новороденчиња. Со тоа, таа стана најмасовниот убиец на деца во модерното доба на Велика Британија.

Летби ја дочека пресудата со плачење додека семејствата на нејзините жртви лелекаа и меѓусебно се тешеа при читањето на наодите не поротата.

Таа убила седум предвремено родени бебиња и се обидела да убие уште 10 со вбризгување на инсулин или воздух во телата. Тоа предизвикало, она што лекарите го нарекуваат, воздушна емболија која доведува до мозочен или срцев удар. Летби е обвинета и за пупмање на опасни количини на млеко во предвремено родените бебиња преку цевките за хранење или преку вени.

Обвинета е дека за нејзиниот монструозен потфат ги користела ноќните смени, бидејќи била сигурна дека родителите нема да ги посетат бебињата во ноќните часови. Смртните случаи се случиле во болница во Честер во периодот од јуни во 2015 година до јуни во 2016 година. Летби беше уапсена по три години од смртта на првата жртва на 8 јуни во 2015 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе