Вести Македонија Топ вести

Дваесет и две години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Северна Македонија, кај месноста Љуботенски Бачила.

Делегации на Армијата и на Министерството за одбрана предводени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, цвеќе ќе положат пред спомен – обележјето на бранителот Томислав Настевски во Општината Ѓорче Петров, на споменикот на бранителите во село Волково и пред спомен – обележјата во село Љубанци.

Делегација од Министерството за одбрана и од Армијата која ќе ја предводи министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе положат цвеќе на спомен обележјето во касарната „Илинден“.

На 10 август 2001 година воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе