Вести Свет

Украинците уапсија жена за која веруваат дека е руски шпион и планирала атентат на Зеленски

Украинската служба за безбедност денеска соопшти дека привела жена за која верува дека е руски шпион која, според нив, собирала разузнавачки информации за патувањето на претседателот Володимир Зеленски во регионот на Миколаев во јули.

Според украинската служба, жената се обидела да го утврди времето и списокот на локации што Зеленски требал да ги посети во регионот. Од таму се сомневаат дека таа подготвувала дури и атентат врз украинскиот претседател.

Службата за безбедност на Украина тврди дека уапсената жена собирала и податоци и за локациите на системите за радио-електронско војување и складиштата за муниција на Вооружените сили на Украина во областа Очакив.

Уапсената жена се соочува со затворска казна до 12 години доколку биле обвинета и прогласена за виновна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе