Вести Свет

Договорот за жито меѓу темите на разговор – Путин на гости кај Ердоган кон крајот на август

Турција, кон крајот на август, го очекува рускиот претседател Владимир Путин во посета на земјата, објави „Хуриет“, повикувајќи се на извори во владата. Весникот наведува дека теми на разговори со неговиот домаќин Реџеп Таип Ердоган ќе бидат прашања кои се однесуваат на обновувањето на договорот за жито, билатералните односи меѓу двете земји, односите на Турција со Азаербејџан и Ерменија и начините за ноирмализација на односите меѓу Турција и Сирија.

Турскиот претседател Ердоган на 4 август ја најави можноста за посета на Путин, а датумот, според него, ќе биде одреден дополнително и по дипломатски пат.

Турција на почетокот на јули ослободи петмина команданти на баталјонот Азов кои беа заробени од руските сили во борбите за пристаништниот град Мариупол. Тие беа ослободени од Русите во септември, размената на затвореници што ја надгледуваше Анкара, но под услов да останат во Турција до завршување на војната во Украина. Во реакцијата на Кремљ беше наведено дека Турција го прекршила договорот за командантите на Азов во момент кога и Путин најави дека ќе отпатува во посета кај Ердоган.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе