Вести Македонија

Стоилковски: Османи да нацрта во кој кластер за ЕУ се преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја?

Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ денеска на прес – конференција упати низа прашања до Министерот за надворешни работи Бујар Османи по објавувањето на видеото во кое Османи на табла црта како изгледа преговарачката рамка на Македонија со ЕУ и објаснува дека договорот со Бугарија не може да биде пречка.

Стоилковски од Османи побара да објасни каде во европската рамка се Соравија на Ахмети и луксузното Ауди за Груби?

Му порача наместо да објаснува за преговарачката рамка да си ја реализира оставката, што сепак како што рече тоа нема да го спаси од одговорност!

Со одговор на денешната пресконференција на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Наум Стоилковски се огласија од Министерството за надворешни работи. Од таму велат дека ВМРО ДПМНЕ не може да прифати дека нивните лаги и пропаганда за преговорите се разоткрија во само едно детално видео во кое прецизно беше објаснета содржината на преговарачката рамка, како и процедурите и принципите на преговарачкиот процес.

– На граѓаните им стана јасно дека ниту договорот со Бугарија ниту прегледите од член 12 нема да бидат пречка за напредок во европските интеграции, затоа што тие ниту се дел од поглавјата, ниту во одредниците содржани во акциските планови, ниту пак било каде во специјалниот дел од преговарачката рамка за кој ќе бидат изготвувани извештаи и по кои ќе се гласа. Европската интеграција на земјава претставува стратешки државен интерес за кој граѓаните, без разлика на политичката припадност, имаат право да бидат јасно и прецизно информирани за прашањата од кои зависи во каква земја ќе живееме во иднина. Граѓаните заслужуваат аргументирана политичка дебата, а не паушални и шпекулативни обвинувања за кои нема никаква основа. За жалење е што опозицијата наместо да ги изложи своите аргументи и јавно да ги објасни своите политички ставови, избира да се вклучи во измислени приказни со кои се обидува да ја избегне одговорност за политичкиот инает со кој настапува. Граѓаните заслужуваат европска иднина, Република Северна Македонија заслужува да продолжи успешно да ги води преговорите и одговорните политички лидери не треба заради тесни партиски интереси да ѝ застанат на тој пат на земјава, се вели во реакцијата на МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе