Вести Свет

(Видео) Тројца загинати во Хрватска и во Словенија во силното невреме кое стигна и во Србија

Силно невреме со оркански ветер и интензивен дожд ги погоди Хрватска и Словенија попладнето, при што загинаа најмалку три лица, а неколку се повредени..

Во невремето, кое околу 16 часот го зафати западниот дел на Хрватска загинаа двајца мажи, а повредени се осум лица, кои се пожалиле на повреди на главата. Невремето во Хрватска траеше само 50-тина минути, но центарот поминал низ Загреб, а ураганскиот ветер носеше сè пред себе, корнел дрвја, покриви, додека поројниот дожд ги поплави улиците, поради што сообраќајот беше во целосен хаос. Хрватските медиуми пренесуваат дека ударите на ветерот достигнале брзина од 120 километри на час.

Луѓето сведочат дека се наликувало на пекол и немало никакво решение. Делови од билборди летале низ улиците на Загреб. Погоден бил автобус кој бил полн со патници. Итната помош примила над 700 повици, а само пожарникарите имале 50 интервенции

И соседна Словенија беше погодена од силното невреме. Еден човек загинал откако врз него паднало дрво кај Бледското Езеро. Ова е второ невреме за два дена во Хрватска и Словенија која се соочуваше со екстремно топли и суви денови.

Силното невреме вечерва се пресели и во соседна Србија. Неколку градови се погодени од урагански ветер. Дел од Војводина и Белград немаат струја, а бурата веќе направила штета на многу места, јавуваат српските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе