Вести Свет

По острите реакции од европските лидери, Американката Фиона Скот Мортон се повлече од номинацијата за главен економист на ЕК

Еврокомесарката за пазарна конкуренција Маргрете Вестагер денеска објави дека Американката Фиона Скот Мортон се откажала од нејзиното именување на функцијата главен економист на Европската комисија.

Вестагер не ја откри позадината зад одлуката, но таа доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон и големите европски политички групи го критикуваа предлогот да се назначи Американка на клучна позиција во Европската унија.

Професорката Фиона Скот Мортон ме информираше за нејзината одлука да не ја преземе функцијата главен економист за пазарна конкуренција, напиша еврокомесарката на Твитер.

Данската политичарка беше критикувана што воопшто ја избрала 56-годишната Скот Мортон на таа функција.

Скот Мортон претходно беше главна економистка во американското Министерство за правда, за време на мандатот на Барак Обама.

Таа требаше да ја советува Европската комисија во истрагите на големите технолошки компании и спроведувањето на низа правила за регулирање на тој сектор.

Доколку ја преземеше функцијата, Скот Мортон ќе беше првата жена и првата државјанка на САД на таа должност во таа европска институција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе