Вести Свет

Одеса втора ноќ по ред мета на руските воздушни напади- Експлозија на Крим евакуирани 2.200 луѓе

Ракетите и беспилотните летала лансирани од Русија продолжија со интензивната серија ноќни воздушни напади ширум Украина Оштетена е критичната пристанишна инфраструктура во јужна Украина, вклучително и терминалите за жито и нафта, и повредени се најмалку 12 лица, меѓу нив и 12-годишно момче.

Пристанишниот град Одеса е втора ноќ по ред е мета на воздушните руски напади, неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва ќе го прекине своето учество во Црноморската иницијатива за жито, клучен за извоз на жито да стигне до светот,  па многу земјите се соочуваат со закана од глад.

Остатоци од проектили и беспилотни летала кои беа соборени паднаа на станбени згради, приморски одморалишта и магацини, предизвикувајќи пожари и повредија неколку луѓе. Остатоците од соборената ракета Кх-59 создале голем кратер во друг дел од градот, при што тројца цивили се повредени, а неколку згради се оштетени.

Осум беспилотни летала „Шахед“ беа соборени, пожарникарите работат на гаснење на пожарот кој зафаќа површина од над 3.000 метри квадратни.

Во меѓувреме, на анектираниот Крим се одвива евакуација на 2.200 луѓе од четири села поради пожар на воен објект.

  • Пожар се случи на воен полигон во областа Кировски на Република Крим. Причината за пожарот ќе ја утврдат истражните органи. Денес донесов одлука за евакуација на околу 2.200 луѓе во областа на населените места од областа Кировски. Конкретно, сообраќајот на автопатот Таврида беше прекинат на оваа делница. Картата за обиколница е објавена на веб-страницата на Министерството за транспорт на Крим, рече Сергеј Аксјонов, раководител на Крим поставен од Русија.

Засега нема информации за жртви. Руските власти затворија дел од автопатот кој поминува низ јужниот дел на полуостровот.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе