Вести Свет

Незапаметено невреме во Загреб, двајца загинати, десетина повредени

Две лица загинаа, а осуммина се повредени во денешното силно невреме во главниот град на Хрватска, Загреб.

Силното невреме околу 16 часот го зафати западниот дел на Хрватска. Центарот на бурата помина низ Загреб. Ураганскиот ветер носеше сè пред себе – дрвја, покриви, силен дожд ги поплавија улиците, а сообраќајот е во целосен хаос.

Во силното 20-минутно невреме загинаа двајца мажи, а осум возрасни лица се повредени, кои со повреди на главата се пренесени во блиските болници.

Поради невремето што го зафати Загреб околу 16 часот, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ преку социјалните мрежи апелираше граѓаните да ѕвонат на броевите за итна помош и пожарникарните служби само во случај на смртна опасност и крајна нужда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе