Вести Свет

Македонија се обврза на уставни промени за бугарското малцинство – Ескобар за македонските аспирации за ЕУ

Американската политика кон Западен Балкан се базира на едноставен принцип: да продолжи интеграцијата на регионот во евро-атлантските структури. На дебатата за Западен Балкан пред поткомитетот за надворешна политика на американскиот Конгрес уште еднаш беше повторен ставот дека останува американската поддршка за промена на Уставот, како услов за да продолжат македонските евроинтеграции.

„За да ги продолжи своите аспирации за Европската Унија, владата на Северна Македонија се обврза да донесе уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор“, изјави Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски прашања.

Ескобар додаде дека САД се ангажирани и со новата влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања, откако Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори. Во неговото сослушување во Претставничкиот дом на конгресот кое траеше речиси час и половина, Ескобар зборуваше и за Европа на две ленти.

„Ќе биде грешка да се гледа Западен Балкан како единечна целина. Имаме три земји од Западен Балкан кои побрзо напредуваат кон ЕУ и кои не случајно се членки на НАТО. Тие ги подржаа нашите напори за регионална стабилност и не само регионална, туку и европска стабилнсот. Тоа се Црна Гора, С. Македонија и Албанија. И блиску соработуваме со нив“, истакна Ескобар.

Американската политика кон Западен Балкан е важно прашање за Конгресот. Иако во прашањата доминираше ситуацијата на Косово и кризата во Босна и Херцеговина, оценката е дека членството во Унијата е неопходност за регионот.

„Членството во Евроопската Унија за Северна Македонија и Албанија ќе бидат додатна сила на транс-атлантското сојузништво и ги охрабрувам европските земји кои се противат да ги признаат овие реформи и компромиси во Северна Македонија и Албанија. Да се осигураат и да ги признаат дејствата што ги презедоа и да го придвижат процесот напред. Тие заслужуваат пристапување“, вели конгресменот Бил Китинг.

Китинг рече и дека САД треба да направат сè што е во нивна моќ заедно со европските партнери да го поддржат демократскиот развој, владеењето на правото и заштитата на човековите права на Балканот.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе