Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Информациите за рудникот Иловица прво ќе бидат доставени до Владата, а потоа ќе се споделат и со медиумите

Премиерот Ковачевски и денеска не одговара конкретно дали министерот за Економија Бектеши ќе сноси последици за спојувањето на концесиите на рудниците од струмичко.

Ковачевски соопшти дека сите информации поврзани со рудникот Иловица најпрво ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги сподели и со медиумите.

Вчера вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори за одлуката што ја донесе Владата, дека Министерството за економија на наредната седница треба да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки водени од 2012 година до денес. Врз основа на таа информација потоа ќе се донесат соодветни одулуки за иднината. Притоа ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните. Јас тоа јасно сум го кажал од првиот ден, дека рудници може да има само со согласност на граѓаните, ако се тие против, не може да има. Тоа не беше случај со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која имаше издадено 86 дозволи за концесии и општините, предводени исто така од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги имаа донесено одлуките за почеток на работите за отворање на рудниците. Сега тоа не е случај. Значи, кога ќе бидат доставени информациите до Владата, министерот ќе ги сподели со сите медиуми, истакна Ковачевски.

Одговорајќи на новинарско прашање по теренската посета на делницата Градско – Дреново, Ковачевски повтори дека ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе