Вести Македонија Топ вести

ДКСК тврди дека Пуцко Петрол ја оштетил државата за над 4 милиони евра со присвојување на конфискуваниот имот на Трансмет

ДКСК откри запрепастувачки податоци за неуспешната конфискација на Трансмет.  Антикорупциска денеска обелодени дека врз основа на прибрани документи откри дека дел од имотот кој требало да биде конфискуван во случајот Труст бил преземен од фирми и банки со што била направена штета од над 12 милиони евра. Во шемата според ДКСК најмногу зела фирмата Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, а опремата-движниот имот најверојатно е користен во правење профит за фирми семејно поврзани со осудениот во случајот ТРУСТ, Сеад Кочан.

ДКСК наоѓа слабости уште во почетокот на процесот во предметот Труст во СЈО односно дел од имотот стекнат со кривични дела бил користен како гаранција за да не му биде определен притвор на сопственикот на Трансмет, Сеад Кочан. Предистражните активности не биле тајни, туку протекувале информации до осомничените и обвинетите, тврдат од ДКСК.

-Проценителите на вредноста на имотот на Трансмет сториле злоупотреба на службена положба со начинот на кој го вреднувале имотот со што бил оштетен државниот буџет, рече Шемши Салаи, член на ДКСК.

Во шемата, која ја откри ДКСК, била и фирмата на Хана Јахоска, Би Холдинг, како и фирмата АД Астра на поранешниот директор на Шпаркасе банка Сашо Боко (хрватски државјанин).

ДКСК констатира дека фирмата Би Холдинг е роднински поврзана со Пуцко Петрол во сопственост на Асмир Јахоски (син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски).

Од друга страна, Би Холдинг е адресно поврзана со К.С.А., компанија на Куштрим Смајлај, зетот на Али Ахмети и се регистрирани на иста адреса во Карпош во новата зграда до Лептокарија.

Вкупната штета од неспроведената конфискација според ДКСК е над 12,4 милиони евра.

Голем пропуст се случил во периодот меѓу првостепената и правосилната пресуда кога државните органи не го презеле потребното за да го заштитат државниот имот стекнат со конфискација во случајот Труст.

Членот на ДКСК Салаи наведе дека отворено прашање е зошто правобранителството и Агенција за управување со одземен имот, не поднеле никакви барања за да се надмине тој проблем.

-Оттука произлегува сомнеж дека службени лица во Државно правобранителство и Агенцијата за управување со одземен имот не ги презеле службените дејствија со што е овозможено преземање на имотот, а надлежните учествувале во изигрување на државата, рече Салаи при презентацијата на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе