Вести Свет

Британските разузнавачи користеле вештачка интелегенција за да ја попречат руската набаква на оружје, откри директорот на МИ6

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ6 откри дека британските шпиони користеле вештачка интелегенција за да ја попречат Русија во набавувањето оружје. Ричард Мур, директорот на МИ6, порача дека западните разузнавачи ќе мораат се фокусираат на откривање на злонамерната употреба на вештачката интелегенција од страна на „непријателски“ држави.

Очекувам дека сѐ повеќе ќе бидеме задолжени да откриваме разузнавачки информации за тоа како непријателските земји ја користат вештачката интелегенција на штетни, неодговорни и неетички начини. Убеден сум дека можеме да ги заштитиме нашите граѓани само ако ја разбереме суштината на заканата, додека во исто време го прифаќаме неспорниот потенцијал на вештачката интелегенција за користење во добри цели, рече Мур.

Директорот на МИ6 инсистира дека, и покрај тоа што неговите разузнавачи ја користат вештачката интелегенција како дополнителна алатка, таа не може да ја замени способноста на луѓето да предвидуваат како одредена личност би реагирала во одредена ситуација.

Уникатните способности на агентите поставени на вистинското место ќе станат уште поважни. Тие не се само пасивни собирачи на информации. Ние можеме да им даваме насоки и наредби на нашите агенти. Тие може да препознаат нови прашања кои ние не знаеме да ги поставиме, и понекогаш можат да влијаат врз одлуките на некоја влада или терористичка група. Човечката интелегенција во ерата на вештачката интелегенција се повеќе ќе биде дефинирана преку работите кои машините не можат да ги направат. Иако треба да очекуваме границите на способноста на машините да се поместуваат со запрепастувачка брзина, предвиде Мур.

Мур очекува во иднина вештачката интелегенција да надмине одредени аспекти од човечкото сознание, а со тоа и појава на можноста дигиталните алатки да почнат да го разбираат и да го предвидуваат човечкото однесување дури и подобро од самите луѓе.

Директорот на британското разузнавање исто така откри дека и покрај тоа што во Украина се води војна, во последниот период Кина се повеќе влегува во фокусот на неговата агенција. Сепак, Мур додава дека мора да се разговара со Кина затоа што без неа ниту еден меѓународен проблем не може да биде решен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе