Вести Македонија

Македонска компанија на црната листа на САД поради производство на софтвер користен за шпионирање

Македонската компанија „Сајтрокс“ заедно со три други меѓусебно поврзани компании – унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, „Интелекса“ од Грција и „Интелекса Лимитетед“ од Ирска – се најде на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа, соопшти Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави.

„Сајтрокс“ од Скопје,  компанија во сопственост на „Интелекса“  порано управувана од Иво Малинковски, инаку син на познат македонски производител на вино и трговец со оружје, Илија Малинковски, познат како газда на винаријата Камник и на фирмата МИКЕИ Интернационал.

Во времето кога канадска невладина организација ги објави информациите за македонската врска со големиот скандал со софтверот Предатор, управител беше Малинковски, но во меѓувреме лани во октомври на местото беше впишана Јеновефа Моравкова, а на 23-ти јуни била впишана нова управителка Силвиа Јастрзебска.

Министерството за трговија на САД ги додало овие фирми на списокот на ентитети, кој ги идентификува компаниите и другите организации или поединци за кои се верува дека ја загрозуваат националната безбедност или странски политичките интереси на Соединетите Држави, поради злоупотребата на малициозниот софтвер „Предатор“ и загрозувањето на приватноста и безбедноста на граѓаните ширум светот.

Одлуката доаѓа по скандалите обелоденети пред повеќе од една година, дека компаниите произведувале и дистрибуирале софтвер во земји каде што софтверот се користел за следење на обични граѓани. Улогата на македонската компанија во овој скандал за прв пат беше обелоденета во истражување на ИРЛ и грчкиот Инсајт Стори во април годинава.

Шпионскиот софтвер „Предатор“ што низ светот го продавала израелската софтверска компанија Интелекса (во Грција и Египет се употребувал за шпионирање на новинари, дисиденти и политичари) бил нелегално развиен и продаван од македонски Сајтрокс, објави во истражување ИРЛ-Скопје.

Надлежните во МВР знаеле за активностите на поранешниот израелски висок функционер од одбраната Тал Дилијан чија што компанија Интелекса е во срцето на скандалот со прислушувањето во соседна Грција.

Документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање од 2017 година покажуваат дека надлежните имале информации што се развива во Скопје, но ги затвориле очите, се тврди во сторија на ИРЛ. Софтверот бил продаван во Ерменија, Египет, Грција, Индонензија, Мадагаскар, Оман, Саудиска Арабија и други земји.

Бирото за индустрија и безбедност (БИС) при американското Министерство за трговија во вторникот објави дека ставило на црната листа на два производители на шпионски софтвер, вклучувајќи ја и компанијата зад Predator, која се користела за шпионирање новинари, политичари, па дури и вработен во компанијата Мета.

Компаниите Intellexa и Cytrox, кои го произведуваат шпиoнскиот софтвер Predator, беа додадени на списокот поради нивната „трговија со сајбер експлоатации што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот, се вели во соопштението за печатот на Министерството за трговија.

Откако ќе се најдат на листата на ентитети, Intellexa и Cytrox сега ќе имаат потешкотии да пристапат до стоки, софтвер и технологија што им помага да ги развијат своите алатки за надзор, се вели во соопштението на агенцијата.

Шпиoнскиот софтвер Предатор бил употребен против менаџерката за безбедносна политика на Мета, Артемис Сифорд, државјанка на Грција и на САД. Таа била ставена под едногодишно прислушување од страна на грчката национална разузнавачка служба и хакиран со моќна алатка за сајбер-шпионажа, според документите до кои дошле Њујорк тајмс и официјални лица со знаење за случајот.

Сифорд за компанијата основач на Фејсбук работела на прашањата на политиката за сајбер-безбедност и таа често била во контакт со европските политички претставници, објави Њујорк Тајмс. Таа соработувала и со Фондацијата Отворено општество и Центарот за бегалци на Универзитетот во Отава за промовирање на подобрувања на меѓународниот процес за бегалци.

Ова е прв познат случај американски државјанин да биде цел на напредната технологија за шпиoнирање во земја на Европската унија. Њујорк Тајмс тогаш предупреди дека незаконската употреба на шпионски софтвер се шири надвор од употреба од страна на авторитарните влади против опозициските фигури и новинари и почна да навлегува во европските демократии, дури и заробувајќи странски државјанин кој работи за голема глобална корпорација.

„Остануваме фокусирани на спречување на ширењето на дигиталните алатки за репресија“, рече Алан Естевез, потсекретар за трговија за индустрија и безбедност, во подготвената изјава. „Со оглед на влијанието на алатките за надзор и другите технологии врз меѓународните човекови права, со задоволство ги објавувам овие дополнувања на нашата листа на ентитети“.

Во март годинава, американскиот претседател Џо Бајден издаде извршна наредба со која им забранува на американските оддели и агенции „оперативно да користат алатки за комерцијален шпионски софтвер што претставуваат значителни контраразузнавачки или безбедносни ризици за американската влада или значителни ризици од неправилна употреба од странска влада или странско лице“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе