Вести Македонија

Казни за 20 продажни места за непочитување на услови за чување на храната – да се внимава од каде и што се купува, апелираат од АХВ

Засилени се и контролите на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во услови на екстремно високи температури. Со апел до граѓаните да внимаваат на хигиената, да ги проверуваат производите кои ги купуваат,  производителите да ги исполнуваат ХАСАП или ХАЛАЛ условите. Во периодов додека е во ек топлотниот бран казнети се околу 20 правни субјекти.

  • Засилени контроли како и секоја туристичка сезона се спроведуваат во туристичките центри и на местата каде се одржуваат манифестации од отворен тип, а каде се подготвува и служи храна. Со вонредни контроли се опфатени и сите оние објекти како хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекџилници, кафулиња, но и во малопродажни објекти во сите населени места.  Препорачуваме производи како што се оние од месо, млеко,  јајца или било кој друг вид на лесно расиплив производ да се купува последен во продажните места и што побрзо да се смести во нашите домашни фрижидери да се чува на на температура до 5 целзиусови степени, вели за Телма, Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство. 
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе