Вести Свет Топ вести

Втор ден од самит на НАТО алијнсата во Вилнус- голема воена помош за Украина, но само нејасни гаранции за идното членство во НАТО

Додека Самитот на НАТО во Вилнус се приближува кон крајот, лидерите на земјите – членски на алисансата се подготвени да ѝ дадат на Украина поголема воена помош за борбата против Русија, а само нејасни гаранции за идното членство во воениот сојуз. Иако Зеленски беше остар и критичен кон, како што рече, „апсурдната“ неподготвеност на НАТО да постави временска рамка за прифаќање на неговата земја во алијансата.

На вториот ден од самитот на алијнсата во Вилнус, претседателот на Украина Зеленски побара од земјите – членски на НАТО посилни безбедносни гаранции додека неговата земја ја чека поканата за членство во сојузот, како и нови пратки со оружје.

Лидерите на НАТО денеска се на на симболичниот нов форум за Украина, откако се обврзаа да и дадат на земјата поголема воена помош во борбата против Русија, а само нејасни гаранции за идно членство. Американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги од НАТО ќе седнат со Зеленски во новиот Совет НАТО-Украина, постојано тело каде 31 сојузник и Украина ќе учествуваат како еднакви и ќе можат да водат кризни разговори.

  • На нашата агенда, мислам, за денеска имаме три приоритетни прашања. Првото е пакети со оружје, нови пакети со оружје за поддршка на нашата армија на бојното поле. И тоа е едно. Второто, во однос на поканата за НАТО, сакаме да бидеме на иста страна со сите, со сето нивно разбирање и денес она што го слушаме и разбираме е дека оваа покана ќе ја имаме кога тоа ќе го дозволат безбедносните мерки. Затоа сакам да разговараме со нашите партнери за сите овие работи. И трето, ќе зборуваме денес и ќе се бориме за ова, а тоа се безбедносни гаранции за Украина на патот кон НАТО- Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европските лидери кои се во Литванија искажуват подготвеност за обезбедување на безбедносни гаранции на Украина за да може да учествува во сите активности на алијансата. Го пофалија и темпето со кое Урсула се реформира и покрај војната, но потребни е зајакнувањето на институциите и борба против корупцијата.

  • Исто така, многу е важно да кажеме многу јасно дека сакаме да бидеме исклучително обединети и дека сме подготвени да ги обезбедиме безбедносните гаранции за Украина за да учествува во сите активности, ние исто така ја поддржуваме формулата за праведен мир предложена од Володимир Зеленски, врз основа на Повелба на ОН, заснована на правда. Нема место за неказнивост- Шарлс Мишел, претседател на Европскиот совет.
  • Тоа е процес заснован на заслуги и го гледаме ентузијазмот и интензитетот со кој Украина се реформира и на тој начин брзо напредува кон членството во ЕУ. Затоа, многу сум уверена дека ако продолжат, одржувајќи го темпо, тој успех ќе биде наскоро исполнет- Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

На маргините на самитот на НАТО во Вилнус, украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Лидерите на алијансата вчера објавија дека ќе дозволат Украина да се приклучи „кога сојузниците ќе се согласат и ќе се исполнат условите“ – изјавата дојде само неколку часа откако Зеленскиј го осуди неуспехот на организацијата. Тој беше беше остар и критичен кон, како што рече, „апсурдната“ неподготвеност на НАТО да постави временска рамка за прифаќање на неговата земја во алијансата.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе