Вести Свет

Столтенберг: Ова е силен пакет за Украина и јасен пат кон нејзиното членство во НАТО

Земјите членски на НАТО се согласни дека Украина ќе стане членска на Алијансата и тоа не во два, туку во еден чекор. Столтенберг најави дека од процесот ќе биде отстрането барањето за акционен план за членство.

  • Нов Совет НАТО-Украина, форум за кризни консултации и одлучување каде ќе се состануваме како рамноправни. И со нетрпение очекувам утре да го имам инаугуративниот состанок на Советот со претседателот Зеленски. Трето, потврдивме дека Украина ќе стане членка на НАТО и се согласивме да го отстраниме условот за акционен план за членство. Ова ќе го промени патот за членство на Украина од процес во два чекора во процес во еден чекор, истакна Столтенберг.

Покрај формирањето на нов Совет НАТО-Украина, Столтенберг денеска го одобри, како што го нарече „најсеопфатниот одбранбен план од крајот на Студената војна“, кој овозможува 300.000 војници во целосна готовност.

  • Го одобрив и најсеопфатниот одбранбен план од крајот на Студената војна. Тие се дизајнирани да се спротивстават на двете главни закани со кои се соочуваме: Русија и тероризмот. Според нашите нови планови, НАТО има за цел да има 300.000 војници во висока готовност, вклучувајќи значителна воздушна и поморска моќ, истакна Столтенберг.

Сепак, покана до Украина за членство во НАТО ќе биде доставена кога сојузниците ќе се договорат и кога ќе се исполнат условите.

Предходно, претседателот Володимир Зеленски го осуди неуспехот на организацијата да постави распоред за пристап на Украина како „апсурден“. Но попладнево одржа нов на говорот пред насобраниот народ во литванскиот главен град Вилнус во последниот обид да добие отстапка за членството во НАТО.

  • Денеска го започнав моето патување со верба во решенија, со верба во силни партнери, со верба во НАТО. Во НАТО што не се колеба, што не губи време и не гледа преку грб на ниту еден агресор. И би сакал оваа верба да стане доверба, доверба во одлуките што ги заслужуваме, сите ние, секој војник, секој граѓанин, секоја мајка, секое дете очекуваме, и дали е тоа премногу да се бара? НАТО ќе и даде на Украина безбедност. Украина ќе го направи НАТО посилен, рече Зеленски.

Денеска сојузниците го договорија пакетот од три елементи за приближување на Украина до НАТО. Же се започне со нова повеќегодишна програма за помош за Украина која треба да овозможи транзиција од советската ера кон стандардите, обуката и доктрините на НАТО.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе