Вести Свет

Песков: Турција да нема илузии дека еден ден може да стане членка на Европската унија

Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на Европската унија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истовремено нагласувајќи дека сакаат силни односи со Анкара и покрај некои несогласувања, вклучително и прашањето за проширување на НАТО.

Песков ја минимизираше оценката на новинар дека Турција се оддалечува од Русија и се приклонува кон Запад.

  • Турција може да се сврти кон Запад, знаеме дека во нејзината историја имало периоди на интензивна ориентација кон Запад, но дека имало и периоди со помал интензитет, рече Песков на брифинг со новинарите.

Според Песков, никој не сака да ја види Турција во Европа.

  • Мислам на Европејците. И нашите турски пријатели не треба да носат розови очила, додаде Песков, алудирајќи на деценискиот отпор на ЕУ кон членството на Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера неочекувано ја поврза согласноста на Турција за прием на Шведска во НАТО со влезот на Турција во ЕУ.

Тој рече дека Европската унија треба да го отвори патот за Турција да влезе во ЕУ пред турскиот Парламент да го одобри приемот на Шведска во НАТО, но европските лидери рекоа дека не можат да ја прифатат таа поврзаност.

Откако Анкара го отвори патот на Шведска за влез во НАТО, Шведска одговори дека активно ќе го поддржи турскиот процес за пристапување во Европската унија.

Песков рече дека Русија разбира оти Турција, како членка на НАТО, мора да го стори тоа, додавајќи дека Москва сака да продолжи да гради заемно корисни односи и покрај „сите несогласувања“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе