Вести Македонија

Двајца обвинети за Софтвери се земаа при изрекување на нивните затворски казни- Даниел Станчев клекна пред Ирена Ивановска

А на денешното изрекување на пресудите за „Софтвери„ се случи  несекојдневен настан. Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетата Ирена Ивановска на рочиштето за изрекување пресуда за случајот „Софтвери“.

Имено, двајцата беа неправосилно осудени на четири години, односно на три години и шест месеци.

До запросувањето дојде откако обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените, меѓу кои и за Даниел Станчев. Како една од околностите поради кои бара притвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа тој во судница зеде збор, ги кажа своите аргументи против притворот и, кога зборуваше околу околноста што нема семејство, се сврти кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена.

Таа стана и му одговори потврдно, по што следеше и аплауз. Судијката рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе им определи притвор на четворицата обвинети.

Рашковски прогласен за виновен- доби 8 години затвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Дејан Дејан

Сите се прогласија за победници во албанскиот блок, но кој ќе биде иден партнер во Владата?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе