Вести Македонија Најважни

Рашковски прогласен за виновен- доби 8 години затвор

Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски е прогласен за виновен во случајот Софтвери за две кривични дела, „Злоупотреба на службена положба и овластувања“ и „Перење пари“.

Судијката во случајот Фанка Јанчулева Михаиловска, му пресуди казна затвор на Рашковски во вкупна висина од 8 години затвор.

За виновни се прогласени и останатите обвинети, професорот Ивица Димитровски, носител на проекти на „Финки“, Игор Христов, надворешен соработник на Влада, Даниел Станчев од „Инвока груп“, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска, надворешни соработници на Влада.

Повеќе информации во Вестите на Телма во 15:30, 18:30 и 21:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе