Вести Македонија Топ вести

Дел од Студеничани без струја – граѓаните револтирани велат ќе го блокираат влезот на селото доколку веднаш не им го решат проблемот

Едно семејство држи стотина домаќинства без струја во скопско Студеничани, велат од ЕВН. Проблемот настанал како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано ористење на струјата во тој дел од селото.

„Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот. “Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија“, велат од ЕВН.

Но, жителите на Студеничани не гледаат проблем во тоа. За проблемот со немањето струја ги обвинуваат ЕВН и политички влијанија.

Фирмата ЕВН и ИВЗ нема ниту една институција која што ги контролира. Колку сакаат крадат тие“, вели еден граѓанин за Телма.

Прекинот на струјата за дел од жителите на Студеничани трае повеќе од 12 часа.  Револтирани велат дека ЕВН ги информирале за дефект, но тврдат дека екипите од рано утрината им ја исклучиле електричната енергија. Проблемот велат не е во тоа што не плаќале струја, туку поради тоа што ЕВН сакал саатот од нивните дворови да го дислоцира на главната улица, а тие не го дозволувале тоа.

„Тие сакаат некои саати да ги извадат надвор. Саатот да биде пример од куќата 1000 метри далеку, тоа не може да биде.Струјата од тука до куќата 1000 метри, кој ќе ја плати? Струја уште немаме, а сметките сите ги имаме платено“, вели граѓанин од Студеничани за Телма.

„Јас би ги замолил ЕВН, зошто не доаѓаат тука за да го решиме проблемот а не вака на кукавички начин во три ипол навечер. Ова е брука“, вели друг граѓанин од Студеничани за Телма.

Студеничани остана без струја само во неколку улици. Дел од граѓаните велат дека струја имале.

„Синоќа немаше некаде околу еден саат и дојде пак“, вели граѓанин за Телма.

Револтираните граѓани од Студеничани велат, доколку во скоро време не им биде решен проблемот, ќе го блокираат влезот на селото.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе