Вести Свет Топ вести

Нападот во Тел Авив е одмазда за израелската операција на Западниот брег, соопшти Хамас

Палестинското исламистичко движење Хамас ја презеде одговорноста за нападот со возило врз група луѓе во Тел Авив и соопшти дека тоа е одмазда за големата израелска операција на Западниот Брег.

Во нападот беа повредени осум лица, а најмалку пет се во тешка состојба, соопштија од двете болници кои ги примија повредените. Еден 20-годишен палестински напаѓач, со потекло од окупираниот Западен Брег, вчера влета со возилото во група луѓе, а потоа го продолжил нападот вооружен со нож.

Напаѓачот бил убиен од вооружен цивил, соопшти полицијата.

Израелската безбедносна агенција Шин Бет соопшти дека напаѓачот влегол во Израел без дозвола и не им бил познат на израелските власти.

Хамас тврди дека напаѓачот бил еден од неговите членови и дека нападот бил „чин на самоодбрана среде актуелниот ционистички масакр во Џенин“.

Израелскиот министер за полиција, Итамар Бен-Гвир, дојде на местото на нападот во Тел Авив и го повтори својот повик до граѓаните да носат оружје за да се одбранат во улични напади.

Кога Израел ја почна својата активност во Џенин, знаевме дека тероризмот ќе се обиде да се закани, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Дејан Дејан

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Дејан Дејан

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе