Вести Свет Топ вести

Лајчак: Санкциите за Србија се подготвени ако не се однесува според барањата на ЕУ

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, по двочасовната средба со премиерот на Косово Албин Курти во Приштина изјави дека моменталната ситуација не е лесна.

Запрашан дали успеал „малку да го омекне Курти“, Лајчак рече: „Тој ги презентираше своите ставови, јас ги презентирав моите идеи и предлози, средбата беше долга, но многу важна“.

„Тоа не е лесна задача, ниту пак лесна ситуација. Имав важни средби со претседателот Османи и со премиерот Курти. Морам да ги изберам зборовите, има разбирање за потребата да се оди напред по трите точки што ги предложи ЕУ – проширување, нови избори и враќање на нормализацијата. Останува да продолжиме со дискусиите за конкретните чекори што треба да се преземат“, рече Лајчак, пренесува Косово онлајн.

Запрашан за санкциите кон Косово, Лајчак рече дека не е во негова надлежност да ги коментира тие мерки, додавајќи дека јасно е дека Европската унија не е среќна што е во ситуација да ги донесе.

Тој додаде дека санкциите се подготвени и против Србија, доколку се констатира дека Белград не постапува во согласност со барањата на ЕУ.

„ЕУ јасно стави до знаење дека има подготвени санкции и за Србија, кои ќе се применат доколку се сфати дека Белград не постапува според барањата на Унијата. Тоа е одлука на земјите членки. Моја желба е да нема санкции ниту за Косово, ниту за Србија, туку двете страни да дојдат во Брисел и да преговараат како да ги спроведат договорите“, рече Лајчак, кој утре ќе престојува во Белград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе