Вести Свет Топ вести

Демонстрантите во Франција се обиделе живи да ги запалат сопругата и децата на градоначалник на предградие на Париз

Распоредувањето на 45.000 полицајци и специјалци од страна на француските власти придонесе немирите минатата ноќ да бидат значително ограничени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле приведени 719 лица за време на синоќешните нереди во Париз, Марсеј, Лион и Гренобл, со што вкупниот број на уапсени од почетокот на протестите поради убиството на 17 годишно момче од страна на полицијата се искачи на речиси 2.800.

Тоа што ги загрижува француските власти, но и остатокот од Европа, е што најголемиот дел од демонстрантите се потомци на доселеници во Франција, претежно од исламска вероисповед. Тие ја обвинуваат француската полиција за расизам, тврдејќи дека се постојана мета на полициска бруталност.

Има многу грабежи овде во Франција, поради тоа што го прават тие. Тие пукаат на нас, а ние ограбуваме како одмазда, изјави демонстрантот Хамза од Марсеј.

Полицијата негира дека голем дел од нејзините припадници се расисти, посочувајќи дека сите такви и слични случаи веднаш се решаваат со казни, суспензии, откази а за најсериозните прекршоци се одговара и кривично.

Иако синоќешните протести беа со далеку помал интензитет, во предградието на Париз, Хеј лес Розес, за влакно беше избегната голема трагедија. Таму демонстрантите ја опколиле куќата на градоначалникот Винсент Жанбрун и се обиделе да ја запалат, додека внатре биле неговата сопруга со двете малолетни деца. Тие запалиле возило и го турнале кон влезот на куќата, но тоа удрило во низок ѕид пред да стигне до куќата. Жанбурн, кој за време на инцидентот бил во општината, ги обвини демонстрантите за обид за убиство на неговото семејство. Француската полиција соопшти дека сопругата на градоначалникот на Хеј Лес Розес ја скршила ногата обидувајќи се да се спаси себеси и своите деца. Се уште се трага по лицата кои се обиделе да подметнат пожар во куќата на Жанбурн.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе