Вести Свет Топ вести

Шпанија го презема претседавањето со ЕУ

Шпанија денеска го презема од Шведска ротирачкото претседавање со Советот на Евопската унија.

Новото шпанско претседателство соопшти дека првата нивна активност е посетата на премиерот Педро Санчез на Киев за да се покаже поддршката на ЕУ за Украина во сите области: воена, хуманитарен и економски.

Еден од приоритетите на шпанското претседавање, кој завршува на 31 декември, ќе биде да се зајакне заложбата за стабилизација, закрепнување и реконструкција во Украина.

Војната во Украина ќе биде еден од главните приоритети на нашето претседателство, со фокус на гарантирање единство меѓу сите земји-членки, изјави Санчез пред заминувањето за Киев.

Со шпанското претседателство започнува да функционира и новата претседателска тројка, вклучувајќи ја Белгија која ќе претседава во првата половина и Унгарија во втората половина на следната година.

Тројката дефинира долгорочни цели и подготвува заедничка програма со која се дефинираат темите и главните прашања со кои Советот ќе се занимава во период од 18 месеци.

Ова е петто претседавање со Шпанија, која стана членка на ЕУ во 1986 година.

Таа за прв пат претседаваше во 1989 година, потоа во 1995, 2002 и 2010 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе