Вести Свет Топ вести

Русите тврдат дека ги истерале украинските сили од левиот брег на Дњепар кај Херсон, а Украинците дека напредуваат во контраофанзивата

Гувернерот на регионот Херсон кој е под руска власт, Владимир Солдо, соопшти дека руските сили успеале да ги уништата групите на украинската армија кои се криеле под Антоновскиот мос на Дњепар.

Според него, територијата на левиот брег на Дњепар во близина на мостот сега е целосно исчистена од украинските сили.

Специјалните сили извршија ненадеен напад од задната страна, приближувајќи се со чамци. До три часот по полноќ упориштето беше заземено, а непријателот изненаден и поразен, изјави Салдо за руските медиуми.

Украинската страна, пак, соопшти дека продолжуваат интензивните борби на истокот и југот од земјата. Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар изјави дека трупите на Киев напредуваат во сите правци на фронтот. Украинските власти тврдат дека од почетокот на контраофанзивата, повторно е воспоставена контрола врз повеќе села на југоисток.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе