Вести Свет Топ вести

Нови нереди ширум Франција по погребот на убиеното момче

Петтата ноќ на немири во Франција започна со солзавец и судири меѓу демонстрантите и полицијата во Марсеј. Француските власти стравуваа од избивање на нови нереди по погребот на 17 годишното момче, чие убиство од страна на полицијата беше причината за почеток на протестите. Токму поради тоа беа распроедени дури 45.000 полицајци во градовите и регионите каде што изминативе денови имаше најголеми немири.

Жерард Дарманин, минситерот за внатрешни работи изјави дека веќе се распоредени припадници на Бригадата за истраги и потраги, Специјаланта полициска единица РАИД, Специјалната единица на Националната жандармерија ГИГН, па дури и Републиканската гарда.

Во Марсеј и Лион значително ќе го зголемиме бојот на полициски сили, исто така испраќаме и пет единици во Марсеј и пет единици во Лион, исто како и во Гренобл, за повторно да го воспоставиме јавниот ред и мир, порача дарманин.

Од почетокот на протестите до сега се уапсени над 2.000 лица, од кои 1.300 само минатата ноќ. Една третина од нив, според француските власти, се малолетни деца под 18 години.

Апсењето на 2.000 лица ја отсликува одлучноста на државата. Средната возраст е 17 години. Уапсиме потпалувачи кои имаат по 12, 13 години, соопшти Дарманин.

Министерот за правда денеска им порача на родителите да ги контролираат своите деца, затоа што одгледувањето е нивна работа.

Ова е веќе неподносливо и доста е. Значи, ние ги имаме на располагање сите средства и судовите ги исполнуваат своите обрвски за кривична одговорност. И јас побарав силна и систематска потрага и идентификување на лица од Снепчат, и да им порачаме на родителите да ги контролираат децата, не е работа на државата да ги одгледува нивните деца, рече министерот за правда Ерик Дупонд Морети.

Денеска беше погребан 17 годишниот Нахел, чие убиство ги предизвика протестите кои многу наликуваат на тринеделното дивеење по француските улици во 2005 година, исто така предизвикано од убиство на две момчиња со доселеничко потекло.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе