Вести Свет Топ вести

Четврта ноќ немири во Франција, приведени повеќе од 1.300 демонстранти

Повеќе од 1.300 лица беа уапсени за време на четвртата ноќ немири ширум Франција, кои не покажуваат знаци на смирување. Жестоки судири помеѓу демонстрантите и полицијата синоќа имаше во Марсеј, Лион, Гренобл и делови од Париз а утрото ги покажа резултатите од дивеењето за време на протестите. Запалени биле над 1.300 автомобили и 234 објекти, а пожарникарите интервенирале во гасење на вкупно 2.560 пожари. Единствено позитивно од изминатите четири ноќи на вандализам и жестоки напади врз полицијата е што нема ниту еден загинат.

Немирите се насилни. Сликите се неверојатни, но ова насилство е насочено само против јавни добра. Се палат автобуси, полициски автомобили, објекти, можеби и општински згради. Знаете, улиците се во пламен, но нема многу повредени лица. Тоа е една работа. Значи многу работи се во пламен секоја ноќ. Но тоа е штета врз јавните добра, вели експертот за безбедност и кризен менаџмент Луи Бернард.

Немирите ширум Франција избувнаа по протестите предизвикани од убиството на 17 годишно момче чиј погреб се одржа денеска во предгратието на Париз, Нантер. Првиот протест го предводеше мајката на убиеното момче, кои се со алжирско потекло, а со неа симпатизираа и мнозинството жители на Нантер, кои се исто така потомци на доселеници во Франција.

Француските медиуми денеска објавија дека на југот од земјата биле застрелани тројца полицајци од маж вооружен со пушка, додека во Марсеј била ограбена продавница за оружје.

Властите се обидоа на повеќе начини да го спречат ширењето на протестите, како стопирање на јавниот превоз во вечерните часови, а претседателот Макрон вчера најави дополнителни мерки и ги повика родителите да не ги пуштаат своите деца на протести. Поради сериозноста на ситуацијата се разгледува и опцијата за воведување национален полициски час како за време на ковид пандемијата, но таква одлука сѐ уште не е донесена.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе