Вести Свет Топ вести

Лајчак: Јас и Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се надевал на подобар резултат од минатонеделната мисија на Косово со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Отпатувавме во регионот со цел да се справиме со тензичната ситуација во северно Косово на која сите бевме сведоци во текот на изминатата недела и да го истражиме потенцијалот за политичко решение. Во Косово се сретнавме со највисокото раководство, вклучително и претседателката Османи. Премиерот Курти и првиот вицепремиер Бислими. Дискусијата беше долга. Ја пренесовме нашата загриженост за ситуацијата на северот и ја истакнавме потребата од итна деескалација, посочи Лајчак.

Тој потврди дека и ЕУ и САД побараа итна деескалација, предвремени избори со учество на косовските Срби и враќање на дијалогот за нормализација.

Според него, заедно со Ескобар бил воспоставен контакт со опозициските лидери на косовските Албанци, на кои им биле претставени последиците од актуелната криза и штетата што таа ја нанесува на меѓународниот углед на  на Косово и апелираше до нив да ја поддржат потрагата по политичко решение.

Јас и Ескобар се сретнавме и со претставници на Српската листа и граѓанското општество, со цел да го слушнеме нивното мислење и да им објасниме зошто е важно косовските Срби да учествуваат на новите избори. Од Приштина ја продолживме нашата мисија во Белград, каде имавме подеднакво долги, воопшто не лесни разговори со претседателот Вучиќ, рече Лајчак.

Според неговите зборови, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му било кажано дека треба да придонесе за излез од актуелната криза.

Се занимававме со сложената ситуација на Србите во Косово. Посебно нагласивме дека, иако сите граѓани имаат право на мирни протести, насилството никогаш не е прифатливо и не може да помине неказнето. Сега сум назад во Брисел за да ги информирам ЕУ и земјите-членки за моите наоди и следни чекори. Продолжуваме со нашите напори да овозможиме и поддржиме одржливо политичко решение, наведе Лајчак и додаде дека и покрај некои позитивни сигнали, тензиите продолжуваат да растат.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе