Вести Македонија Топ вести

Систем за управување со поткуп – Институтот за акредитација планира воведување на антикорупциски стандард во државните институции

Воведувањето на антикорупциски стандард во државните институции е една од идните активности што ги планира Институтот за акредитација. Овој систем за управување со поткуп промовира култура против корупцији и предвидува соодветни контроли.

Според директорот на Институтот, Слободан Чокревски, овој антикорупциски стандард (ИСО 37001:2016) во светот најчесто се користи во приватниот сектoр, односно во фирми и корпорации, но кај нас би имал големо значење доколку со закон се обврзат државните институции да го воведат.

Како многу значаен, Чокревски го издвојува и меѓународниот стандард за ИТ безбедност, кој би помогнал во спречување на сајбер нападите на државните институции и фирмите.

Денеска е Светски ден на акредитацијата, а истовремено Институтот за акредитација одбележува 20 годишен јубилеј.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Дејан Дејан

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Дејан Дејан

Во јуни нова цена на струјата, но не и за мрежарината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе