Вести Македонија Топ вести

Предлозите на лидерската скиселено вино што остава простор за договор?!

Изненадувања, неочекувани понуди, но на некој начин и демонстрација на одговорност. Вака експертите ја видоа лидерската средба по која, велат, ситуацијата и натаму е тешка, но е, сепак, некаква преговарачка позиција. Позитивно за нив е излегувањето од партиските ровови, односно како што велат, „непристојната„ кампања про и анти ЕУ на СДСМ, и вмровската позиција „да победиме на избори, па ќе видиме што ќе правиме“.

Понудите, велат, се ирационални, но сметаат дека и тоа е дел од тактиката на политичарите, да се излезе со поголеми барања, за постигнатиот компромис потоа да биде поприфатлив. Предлогот на Мицкоски да се изгласаат уставните измени, а да стапат на сила со одложено дејство, го оценуваат како скиселено вино, затоа што е невозможен да се оствари, но остава простор за договор.

И за правниците, предлогот за одложено дејство е политички невозможен, иако од правен аспект е технички изводлив.

Аналитичарите сметаат и дека, иако не беа присутни на средбата,  ДУИ и од оваа ситуација повторно може да излезат како победници. Понудата да се повлечат од владата во корист на уставните измени, е позитивна за нив, затоа што нема да изгубат ништо, а ќе добијат поени пред се`, во очите на ЕУ. Прашањето е, што понатаму? Најпогубна варијанта, велат, е да се влезе во операција „осум пратеници„, односно да се ловат вмровски пратеници по собранието„.

Во меѓувреме, опозицискиот лидер ја појаснуваше позицијата велејќи дека, бара и нуди креативни решенија кои ќе обезбедат и членство во ЕУ, но и заштитени македонски национални интереси. Повтори дека, во преговарачката рамка никаде експлицитно не стои дека мора да се промени уставот. Смета дека, во заклучоците на Советот, тоа може да биде толкувано дека не се во функција, Македонија ја завршила својата обврска, изгласани се, но не можат да бидат полноправно важечки се` до моментот додека државата не биде членка на Европската Унија. Во спротивен случај, тврди дека, нема да поддржат измени што ќе значат неизвесност во процесот на преговори.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество – велигденска честитка од претседателот Пендаровски

Дејан Дејан

Најмалку 48 загинати лица и 30 повредени при уривање на автопат во Кина – возач на камион спречи поголем број на жртви

Дејан Дејан

Бернар Арно на врвот, Маск на трето место – листа на милијардери на Блумберг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе