Вести Македонија Топ вести

Меџити: Нема изедначување на цените за странци и осигурени државјани на РСМ, туку на цените за приватни здравствени услуги

Странските и домашните приватни пациенти во ист кош, но осигурениците се надвор од него. Меџити ја дообјаснува изјавата во која акцент стави на косовските државјани, поистоветувајќи ги со македонските. Вели со изедначување на цената која во моментот е повеќе од двојно повисока за странците, им нуди избор меѓу државните и приватните болници. Веќе испратил допис до клиниките и институтите за усогласување на цените. Идејата, тврди, нема да иницира никакви законски измени, бидејќи во дел од јавното здравство веќе функционира еден ценовник за приватни здравствени услуги.

„Тоа значи дека граѓаните кои плаќаат здравствено осигурање во никој случај нема да бидат на било каков начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за во другите клиники“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Опширно министерско дообјаснување, но без ниту збор за неговата констатација дека косовските државјани не се странци во Македонија – делот кој внесе најголема забуна.

Популизам – ова се првите коментари во бурата реакции што ги предизвика изјавата на министерот за здравство. Дел гласно негодуваат и прашуваат: „Каде е тука здравствената етика?“ – Други пак гледаат позитивен ефект врз болничките буџети, но отворајќи го прашањето, дали со изедначувањето на странските со домашните приватни пацинети, конечно ќе престанат злоупотребите – Косовци да се лекуваат со здравствени книшки на нивни роднини во Макеоднија?

Одлуката на Меџити, најсилно ќе удри врз Онкологија, бидејќи во 2008 година, во време кога министер беше Имер Селмани, управниот одбор на клиниката донел одлука за 200 отсто да ги зголеми цените за приватните пациенти од Косово. Според поранешниот директор на Онкологија, Милан Ристевски, ваквата одлука најверојанто се должи заради фактот што во тој период единстевни странски пацинети биле косовските. И овие цени се прениски во споредба со регионот, нивното намалување нема економска логика.

„На тој лист хартија стои пациенти од Косово, но и Селмани и Османи имале увид во тие одлуки. И со зголемувањето од 200 отсто, цената за радиотерапија е меѓу најниските во Европа. Ако македонските приватни осигуреници плаќаат 2.000 евра, косовските плаќаат 6.000, но истата услуга, на пример во Турција ги чини преку 30.000 евра“, вели доктор Милан Ристевски, клинички онколог.

Вториот елемент, според Ристевски, е социјалниот.

„Нашите приватни пацинети се луѓе без здравствено осигурување. Тоа се луѓе чија фирма е во стечај, технолошки вишок или невработени кои по никоја основа немаат право на здравствено осигурување. Тие се навистина тешки социјални случаи и не можете да ги споредувате со странски пацинети, дури и тие да се социјални случаи. Не сме должни како државата нашите пари од данок да ги применуваме за социјалните случаи од другите земји“, додава Ристевски.

Лекарите на министерот му сугерираат пред каква било одлука да направи финансиски анализи, а здравствениот фонд конечно да ги ревидира цените на услугите во јавното здравство. Голем дел од нив со децении се непроменети, иако трошоците во јавното здравство се неколкукратно зголемени, особено за струјата.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Дејан Дејан

Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Дејан Дејан

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе