Вести Македонија

Во државата се евидентирани 350 бездомници, но реланата бројка е многу поголема, а надлежните сè уште работат на проблемот

Немаат дом. Изложени се на временски непогоди, ризик од насилство, загрозување на здравјето и лишани од сите услови кои ги има во семејните домови. Деновите ги поминуваат на улица во валкани услови. За парче храна одат во Пунктот за бездомни лица, а во студените денови се сместуваат таму заедно со останатите луѓе кои ја делат истата мака. Вака изгледа тешката судбина на 350 бездомни лица кои се евидентирани во последниот попис во 2021 година, но вистинската бројка е многу поголема бидејќи не се опфатени малолетниците. Од нив 91% се мажи, од кои 82% се самци и повеќе од половина се на возраст од 40 до 60 години. Надлежните кои се должни за решавање на овој проблем како и секогаш вината ја гледаат во лошата координација на институциите.

-Проблемот со бездомништвото е комплексен проблем, бара мултисекторски пристап и решенија кои треба да произлезат од повеќе институции. Во текот на изминатиот период  беа направени различни пристапи за решавање на овој проблем. Меѓутоа останува потребата од поголема вклученост и координација на сите институции, вели Јованка Тренчевска-министерка за труд и социјална политика.

Велат дека и досега имале мерки поддршка и помош на овие лица, но признаваат дека тоа не е доволно. Ветуваат дека листата на социјални услуги и на централно и на локално ниво ќе биде зголемена.

-Покрај привременото сместување постои можност за развој на услуга дневен центар со интервентно згрижување. Каде бездомните лица ќе добиваат дневно згрижување, исхрана, оддржување на лична хигиена, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, советување, едукација и социјална поддршка на лицата и нивните семејства, додава  Тренчевска.

Ситуацијата не е подобра ниту на глобално ниво каде околу 150 милиони лица се бездомници, односно секој 70-ти жител е бездомник.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе