Вести Македонија Топ вести

Шаленберг: ЕУ мора да реагира сега и брзо ако сака да го зачува Западниот Балкан

Европската унија ќе го загуби Западниот Балкан ако чека на негова интеграција до 2040 година. Ова е ставот на австрискиот министер за европски прашања, Александер Шаленберг, според кого Европската унија мора да дејствува сега и брзо, за која геостратешки лакмус тест ќе биде дали на најевропското соседство таа ќе може да му ја гарантира безбедноста и европскиот просперитет, во спротивно, ако потфрли во регионот ќе мора да престане да се зборува за геостратешка Европска унија.

Ако чекаме до 2040 ќе го загубиме регионот. Тое е многу јасно. Повторно солун пред 20 години – мора да бидеме многу побрзи… Ние во во Унијата почнуваме… го видов првото прашање – дебата за реформа на ЕУ, треба да ја продлабочиме пред да може да се прошириме… Тоа е ѓубре. Го направивме тоа во Лисабон. Имаме се. Ние се подготвивме точно за сценариото на зачленување на Западниот Балкан во ЕУ, рече Шаленберг.

Шаленберг зборувајќи на панел на ГЛОБСЕК посветен на прашањето дали проширувањето на Европската унија е вратено на траката или е на опашката, го критикуваше односот на Унијата кон проширувањето велејќи дека е престорено во легалистички и бирократски процес, во нешто во што ништо не е готово дедека не е готово, до секоја запирка, дел од европското законодавство. Сепак тој во Украина и состојбата со која се соочува сега Унијата може да биде лансирната ракета за Југоисточна Европа и за Западниот Балкан.

Позицијата на Австрија е многу јасна, ние не сакаме Орвеловска фарма меѓу земјите кандидати – односно сите земји-кандидати се еднакви, но некои се поеднакви од другите. Не, ние не може да го имаме Западен Балкан на страна, а Украина и Молдавија на брзата трака. Да бидеме реални, да притиснеме и да го создадеме моментот за сите земји-кандидати и за целиот регион, изјави Шаленберг.

На панелот говореше и македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, според кого главна закана за европската аспирација во регионот е фрустрацијата од недостижноста, чуството дека членството е подвижна мета и секој самит да биде нова математика кога тоа ќе се случи.

Моментот кога тоа ќе престане да биде добитниот билет за добивање на избори, тогаш ќе имаме забрзано паѓање. Сметам дека Северна Македонија е таа критична крстосница, кога ЕУ може да не биде повеќе добитен билет за избори, рече Османи.

Притоа тој излез гледа во достижноста на Унијата, поточно, наместо крајни рокови за членство фокусот на општествата да се држи на она што моиже да се добие како придобивка за една година, односно да се зголеми достапноста на европските политики каде земјите можат да станат дел од нив пред членството, се тоа следено со финансиска поддршка.

Османи на панелот укажа дека поддршката за ЕУ во земјава од 91 процент се намалила, во некои анкети, на 59 проценти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Договорците на токсикологија распоредени на работните позиции и покрај забраната на ДСЗИ

Дејан Дејан

Мијалков во четврток излегува од затвор одлучи Апелација

Дејан Дејан

Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024, гласаат болните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе