Вести Македонија Најважни

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на приведениот врховен судија Наќе Георгиев

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев кој вчера беше уапсен со 10.000 евра под сомнение дека вршел кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание”. Одлуката е донесена ноќеска на итна седница на Судскиот Совет.

Во продолжение соопштение на Судскиот Совет:

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:

  • ГО ОДЗЕМА имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;
  • ГО ОДОБРИ барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и
  • ВРЕМЕНО ГО ОДДАЛЕЧИ од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка.

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе