Вести Свет Топ вести

Путин потпиша Закон – Русија излегува од Договорот за конвенционални оружени сили на Европа

Претседателот Владимир Путин потпиша Закон за повлекување на Русија од Договорот за конвенционални оружени сили во Европа (ЦФЕ), се наведува во документот кој е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации.

Договорот за ЦФЕ е потпишан во Париз во 1990 година, а негова ажурирана верзија е усвоена на самитот на Организацијата за европска безбедност и соработка. Прилагодената верзија ја потпишаа само четири земји – Русија, Белорусија, Украина и Казахстан.

Русија во 2007 година го суспендира своето членство во Договорот ЦФЕ, сè додека НАТО земјите не ја ратификуваат Спогодбата за адаптација и не почнат да го спроведуваат документот“.

На 11 март во 2015 година, Русија го суспендира учеството и на состаноците на заедничката консултативна група за Договорот ЦФЕ и остана, чисто, де јура страна во Договорот. Од тогаш, руските интереси во Групата ги застапува Белорусија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе